Opfolio го носи инвестирањето поблиску до осигурителните компании - Bits of insurance

Opfolio го носи инвестирањето поблиску до осигурителните компании

opfolio

Екипата од Bits of Insurance, отиде во посета на Opfolio каде што разговараше со Васко Богдановски.

Како би го опишале Opfolio во една реченица?

Opfolio е автоматска инвестициска платформа дизајнирана за инвеститори од сите нивоа, кои сакаат да го прилагодат ризикот во своите портфолија.

Кои се услугите може да им ги понуди Opfolio на домашните осигурителните компании? 

Како инвестициска платформа, Opfolio може да им понуди на осигурителните компании широка географска и секторска диверзификација за нивните средства по нај

ниски цени на пазарот. Алгоритмите на Opfolio се базирани на модерната портфолио теорија (MПТ) која се користи за да се идентификува оптималното портфолио на секој поединечен клиент. Нашата услуга во креирање на инвестициска стратегија се состои од следниве пет чекори:

претставување на Opfolio во Скопје
Претставување на Opfolio во Скопјеawd
  • Идентификување на идеалниот сет на класи на инструменти за моменталната инвестициска околина;
  • Селектирање на ETF (Отворени инвестициски фондови кои се тргуваат на берза) со ниски трошоци кој ќе ја претставува секоја класа на инструменти;
  • Утврдување на толеранцијата на ризик при креирање на портфолио што најдобро ќе и одговара на компанијата;
  • Примена на модерната портфолио теорија за оптимална алокација на средствата помеѓу избраните класи на инструменти за Вашата толеранција за ризик;
  • Мониторинг и периодично ребалансирање на портфолиото.

Според Вас во кои класи на инструменти треба да ги инвестираат дел од своите средства домашните осигурителни компании?

Во нашиот идеален сет на класи на инструменти спаѓаат: акциите од САД, aкциите од развиените странски пазари, aкциите на пазарите во развој, акциите со дивиденден раст од S&P 500, природните ресурси, државните хартии од вредност од САД заштитени од инфлација… Ние ја евалуираме секоја класа на средства според нејзиниот потенцијал за раст на капиталот и генерирање на приходи, волатилност, корелација со другите.

претставување на Opfolio во Загреб
Претставување на Opfolio во Загреб

Колку класи на инструменти треба да има во инвестициското портфолио?

Традиционално, финансиските советници ширум светот ги распределуваат портфолијата на своите клиенти во три класи на инструменти (американски акции, акции од странските развиени пазари и државни обврзници на САД). MПT ни дозволува да ја споредиме традиционалната распределба на класите со распределбата на Opfolio со седум и осум алокации на средствата. Значи, со додавање на повеќе класи на инструменти, ние го зголемуваме реалниот принос за секое ниво на ризик или го намалуваме ризикот за секое ниво на принос. Недостатокот на дополнителни класи на инструменти претставува значителен опортунитетен трошок за инвеститорите.

Зошто е потребно да се ребалансира оптималното портфолио?

Секое инвестициско портфолиото постепено ја губи својата оптималната структура. Во зависност од волатилноста на пазарот, на месечно или на квартално ниво, Opfolio го анализира целокупниот инвестициски универзум на ETF фондовите, за од нив да ги идентификува најсоодветните и тие да ја претстават секоја од своите шест до седум препорачани класи на инструменти. Ние бараме ETF кои го минимизираат трошокот и грешката за следење, обезбедуваат голема ликвидност на пазарот и минимизираат кредитирање на нивните основни хартии од вредност. Според анализата извршена од Дејвид Свенсен, главен директор за инвестиции на универзитетот Јеил, во период од 10 години, ребалансираните портфолија годишно остварувале во просек 0,4{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повеќе, и тоа со помал ризик, отколку портфолија кои не биле ребалансирани.

Дали инвестирањето во ETF фондовите се практицира во регионот?

Уште пред неколку години нашите пензиските фондови ги увидоа позитивните аспекти од инвестирањето во фондовите тргувани на берза (ETF), особено во прилагоденоста на приносот со превземениот ризик. Според последните финансиски извештаи пензиските фондови заедно имаат инвестирано над 185 милиони евра во отворени инвестициски фондови кои се тргуваат на берза (ETF).

Каква е моменталната инвестициска стратегија и  кои се потенцијалните инвестициски можности за дел од средствата на домашните осигурителни компании?

Според извештаите на АСО, во 2016 година, од вкупните средства кои ги покриваат техничките резерви кај друштвата за неживотно осигурување и друштвата за осигурување на живот вложиле значително висок процент во депозити во банки и државни хартии од вредност, поточно 91,27{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} и 98,28{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} соодветно. Во наредниот период значително ќе биде потешко оплодувањето на вложените средства бидејќи кај каматните стапки кај двете доминантни класи инструменти се на историски минимум. Каматните стапки на државните записи со рочност до една година паднаа од 1,85{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} на 1,2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Додека пак државни обврзници со подолг рок на доспевање од 15 години, имаат камати меѓу 3,2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} и 3,7{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Од друга страна, инвестираните средства само во депозити и државни хартии од вредност носат голем ризик од концентрација во нивното портфолио.

Со цел оплодување на средствата, истовремено намалувајќи ја изложеноста на ризикот на концентрација, им препорачуваме на осигурителнтите друштва вклучување во класата на ETF (Отворени инвестициски фондови кои се тргуваат на берза) со ниски трошоци, кои имаат висока секторска и локациска диверзификација во нивната инвестициска структура, до дозволениот регулаторен лимит.