Што е потребно да направите за да се стекнете со задолжително здравствено осигурување кое е на товар на Фондот за здравствено осигурување - Bits of insurance

Што е потребно да направите за да се стекнете со задолжително здравствено осигурување кое е на товар на Фондот за здравствено осигурување

Со Законот за здравствено осигурување се уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како и начинот на спроведување на здравственото осигурување. Задолжителното здравствено осигурување се установува за сите граѓани на Р. Македонија заради обезбедување на здравствени услуги и парични надоместоци врз начелата на сеопфатност, солидарност, еднаквост и ефективно користење на средствата под услови утврдени со овој закон.Zdravstveno osiguruvanje Fond za zdravstvo SLIKA

Кои се постапките за стекнување на својство на осигурено лице:

I.Eвидентирање на обврзник за плаќање на придонес

  1. Пријава на обврзник за плаќање на придонес (ПРАВНО ЛИЦЕ)

За пријава на обврзник за плаќање на придонес, потребни документи се:

– Пријава М11, за регистарскиот број;

– Решение од Централен регистар за упис на правно лице (односно тековна состојба со најнов датум);

  1. Одјава на обврзник за плаќање на придонес (ПРАВНО ЛИЦЕ)

За одјава на обврзник за плаќање на придонес, потребни документи се:

– Решение за престанок на работа на правното лице – од Централен регистар; Решение за бришење на правното лице- од Централен регистар;

 

  1. Утврдување (стекнување) на својство на осигурено лице

Правата од задолжителното здравствено осигурување може да ги оствари само лице на кое му е утврдено својство на осигуреник, односно осигурено лице. Својството на осигуреник  и осигурено лице се утврдува врз основа на пријава за здравствено осигурување (Образец ЗО-1) што ја поднесува обврзникот за пресметка и уплата на придонесот за задолжително здравствено осигурување, односно лицето кое бара утврдување на својство на осигуреник, односно осигурено лице.  Пријавата за здравствено осигурување се поднесува до Подрачната служба на Фондот  во рок од осум дена од денот на засновањето на работниот однос, односно од денот на стекнувањето на својство на осигурено лице врз основа на кое е должен да поднесе пријава за задолжително здравствено осигурување.

По престанувањето на основот на  задолжително здравствено осигурување, обврзникот за пресметка и уплата на придонесот е должен во рок од осум дена  да поднесе  одјава од осигурување.

Својство на осигурено лице (основи на осигурување) и потребна документација

Според член 5 став 1 и 2 од Законот за здравствено осигурување, постојат следните наведени основи на задолжително здравствено осигурување на осигурениците. За утврдување на секое поединечно својство на осигурено лице, наведени се неопходните документи за евиденција на осигурениците по соодветен основ во подрачните служби.

Работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локална самоуправа и градот Скопје.

Потребна документација:

– пријава за здравствено осигурување ( ЗО1 образец );

– М1 пријава за  заснован работен однос;

– здравствена легитимација;

III. Докажување на својство на осигурено лице

Својството на осигурено лице се докажува со здравствена легитимација и потврда за платен придонес. Здравствената легитимација може да се користи само со лична карта, односно ученичка книшка или индекс со кои се докажува идентитетот на осигуреното лице. Децата до два месеци возраст здравствена заштита можат да користат и врз основа на здравствена легитимација на еден од родителите. Потврдата за платен придонес за здравствено осигурување (сини картони) ја издава подрачната служба на Фондот, според местото на живеење, односно работа на осигуреникот, ако обврзникот редовно го уплатува придонесот за здравствено осигурување или со задоцнување од најмногу 60 дена сметано од истекот на последниот ден од месецот за кој се плаќа придонесот.

 

  1. Основи на осигурување
  • Лица со плата
  • Лица избрани на јавна функција
  • Државјани на рм на служба кај странски работодавачи
  • Самовработено лице
  • Индивидуален земјоделец по катастар
  • Пензионери кои примаат пензија од рм
  • Невработени лица додека прима паричен надоместок
  • Учесници во ноб
  • Лица корисници на социјална заштита
  • Држав.на р.м. вработени во странство – за нивните членови
  • Странец вработен во рм  во странска фирма
  • Членови на семејства вработени во арм
  • Лица во затв.,притв.,воспит поправ
  • Припадник на монашки и други верски редови и верско службено лице
  • Осигурани по конвенција
  • Работен однос на куќни помошници
  • Индивидуален земјоделец – преку агенција за неразвиени подрачја
  • Странски пензионери од земји со кои немаме конвенција
  • Странци на школување во рм
  • Неосигурано по ниту еден основ – член 5 став 2 без изјава
  • Странски пензионери од земји со кои имаме конвенција
  • Неосигурано по ниту еден основ – 10-б иоп2
  • Неосигурано по ниту еден основ – 10-а иоп1 а
  • Неосигурано по ниту еден основ – 10-а-иоп1 б
  • Неплатено родителско отсуство

Атанас Димовски